• вторник, 26 ноември 2024

Изложба на слики на Билјана Билбилоска во Париз

Изложба на слики на Билјана Билбилоска во Париз

Скопје, 15 мај 2024 (МИА) - Изложба на слики  „Underpainting“ од Билјана Билбилоска денеска ќе биде отворена во Cite Internationale des Arts во Париз. Таа ќе се претстави со дела изработени во акрилна техника.

- Главниот белег на оваа изложба е насочена кон истражувањето на палетата на бои на Леонардо да Винчи, на неговите три капитални дела во Лувр, како и истражување на неговата специфична техника на работа, универзално позната како Underpainting., или сликање во неколку слоеви на боја, при што главниот хроматски призвук е диктиран од првото обоено ниво, соопшти Билјана Билбилоска.

Според неа, мајсторството на Леонардо да Винчи да ја доведе сликата до ладна атосфера со топли бои е факт кој до ден денес фасцинира и остава широк простор за размислување.

Билјана Билбилоска изминатите неколку седмици престојува во познатата куќа на уметниците во Париз, во квартот Le Marais.

Проектот е поддржан од Министерството за култура. мд/

Фото: Билјана Билбилоска

Остани поврзан