Изложба на Игор Поп Трајков „Некогашно место“
- Во големиот салон на Галерија„КО-РА“ во Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје, отворена е изложбата на Игор Поп Трајков насловена „Некогашно место“.
Скопје, 25 октомври 2021 (МИА) - Во големиот салон на Галерија„КО-РА“ во Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје, отворена е изложбата на Игор Поп Трајков насловена „Некогашно место“.
Изложбата ја отвори историчарката на уметност Виолета Калиќ, стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура во Ј.У.Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје.
Таа ја истакна интенцијата на авторот да го фокусира вниманието на процесите на миграција и емиграција кои се присутни во севкупните цивилизациски процеси, а тој феномен како што вели, е еден од круцијалните со кои се соочува секое современо општество.
Оваа изложба иницира продлабочени прашања меѓу кои се наметнуваат прашањето кои се причините кои иницираат миграција, покрај економските, политичките, религиските, насилството или пак длабоко интимно личните.
Изложбата е поддржана од Град Скопје и Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје.свс/са/