• петок, 04 октомври 2024

Изложба на дигитални слики од Јана Луловска

Изложба на дигитални слики од Јана Луловска

Скопје, 3 октомври 2024 (МИА) - Во Културно-информативниот центар – Скопје вечер ќе биде отворена изложба на дигитални слики од Јана Луловска насловена „Effortless“ (Природно). Изложбата содржи дигитални слики кои постојат во еден простор во којшто флуидноста и течението не се само естетски квалитети, туку се најважни за самата природа на уметничкото дело.

-Во Effortless  Луловска употребува дигитални алатки за да ги надмине традиционалните ограничувања, создавајќи при тоа еден флуиден, неограничен визуелен простор каде уметноста не е прицврстена во рамките на својот медиум. Во светот со брзо темпо, нејзините дела го повикуваат гледачот да ја доживее флуидноста на самиот дигитален медиум, нудејќи еден миг на спокојство, рефлексија и размислување. Изложбата Effortless е инспирирана од движењето Флуксус, и со една убавина и грациозност го втемелува природниот тек на настаните и нашите одлуки и избори, трансформирајќи ги секојдневните предизвици во спокојни и трансцедентни мигови на едноставност, стои во рецензијата на Лазе Трипков, куратор на изложбата.

Делата, како што посочува  Трипков, служат за потсетник дека и покрај предизвиците во секојдневниот живот, постои убавина која може да се најде во течението, во флуидноста, во природните транзиции кои го дефинираат нашето постоење. дма/мд/

Фото:Илустрација

 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан