Изложба на акварели од Илија Маџаров
- Со почеток во 20 часот во Културно-информативниот центар – Скопје, ќе се одржи отворање на изложба на акварели од Илија Маџаров.

Скопје, 6 септември 2022 (МИА) – Со почеток во 20 часот во Културно-информативниот центар – Скопје, ќе се одржи отворање на изложба на акварели од Илија Маџаров.
Сликите на Илија, посебно неговите акварели и гвашеви на хартија, се насликани брзо и без двоумење. Но, затоа на овие слики им претходи долго осознавање на мотивот и претходно истражување. Во неговата изложба преовладуваат водата, небото и зајдисонцата.
Сликарскиот ракопис на Илија Маџаров е спонтан. Тука нема системи и идеи за монументални и епски композиции. Она што се случува е тука и сега, собрано во малиот формат. свс/мд/