• сабота, 23 ноември 2024

Изложба „Мисионерка на милосрдието - спомените за Мајка Тереза во Државниот архив“

Изложба „Мисионерка на милосрдието - спомените за Мајка Тереза во Државниот архив“
Скопје, 5 септември 2022 (МИА) - Во Музејот на македонската борба денеска напладне на свечен настан ќе биде отворена изложбата „Мисионерка на милосрдието - спомените за Мајка Тереза во Државниот архив“ што ја подготви Државниот архив. Преку изложбата, Државниот архив се вклучува во одбележување на 25-годишнината од смртта на Мајка Тереза и на јавноста првпат ќе и презентира архивска документација за животот на семејството Бојаџиу до 1934 година ѝ за нејзините посети на Скопје. На настанот ќе бидат прикажани и видеозаписи за светицата Мајка Тереза. Изложбата е отворена за јавноста и ќе трае до 13 септември. мс/лв/

Остани поврзан