• сабота, 23 ноември 2024

Изградба на нова линија за фекална канализација за дел од населба Илинден

Изградба на нова линија за фекална канализација за дел од населба Илинден

Скопје, 15 март 2024 (МИА) - ЈКП „Водовод“ започна со изградба на фекална канализација на ул. „9“ во населба Илинден во близина на општинската зграда. Новата линија ќе биде во должина од околу 150 метри и ќе ги прифати отпадните води од околу 10 домаќинства. Новата линија за канализација ќе биде дел од фекалната канализација припадна површина 8 Илинден, информираат од Општина Илинден.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, направил увид во градежните работи и притоа истакнал дека приоритет во работењето е подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани во Општината.

-Инвестирањето во комуналната инфраструктура е од огромно значење и за локалниот економски развој, како и унапредувањето и заштитата на животната средина. Вложувањата во комуналната инфраструктура е од стратешко значење за Општина Илинден, рекол тој.

Според Општина Илинден, канализацискиот систем во Илинден припадна површина 8, во кој ќе биде поврзана новата линија, е во должина од околу 4000 метри, и на истиот има можност да бидат опфатени околу 330 домаќинства од населено место Илинден, како и други јавни објекти со што значително ќе се подобри животната средина и квалитетот на живот. сст/мд/

Остани поврзан