Изготвен „Прирачник за претседателски избори во Република Северна Македонија 2024 година”
- Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ од Скопје (ИДСЦС) и претставништвото на фондацијата Конрад Аденауер во Скопје (КАС) изготвија „Прирачник за претседателски избори во Република Северна Македонија 2024 година”.
Скопје, 19 април 2024 (МИА) - Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ од Скопје (ИДСЦС) и претставништвото на фондацијата Конрад Аденауер во Скопје (КАС) изготвија „Прирачник за претседателски избори во Република Северна Македонија 2024 година”.
-Прирачникот дава преглед за претседателските избори 2024 година, како и за историјата на претседателските избори во земјата, изборниот систем и за учесниците на претседателските избори.
По завршувањето на изборите ќе се подготви второ, дополнето, издание на овој Прирачник во кое ќе бидат вклучени резултатите, како и информации за кампањата и изборниот процес во целина, информираат од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ од Скопје (ИДСЦС) и претставништвото на фондацијата Конрад Аденауер во Скопје (КАС).
Оттаму се надеваат дека прирачникот може да биде корисен за сите кои се заинтересирани или директно вклучени во претстојните избори и најавуваат дека наскоро ќе го објават и прирачникот за престојните парламентарни избори.
Електронското издание на прирачникот е достапно на македонски, албански и англиски јазик.
Традиционално почнувајќи од 2013 година, секоја изборна година, Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ од Скопје (ИДСЦС) и претставништвото на фондацијата Конрад Аденауер во Скопје (КАС) подготвуваат прирачник за изборните процеси во земјата.
Сите претходно подготвени прирачници за претседателски, парламентарни и локални избори можете да ги најдете на веб страната http://izbornaarhiva.mk/. сст/са/
Фото: МИА архива