Изгореа покрив и кат од семејна куќа во Струмица
- Денеска околу 09:30 часот во пожар изгореа покрив и спрат од семејна куќа на улицата „Спиро Захов“ во Струмица, соопштија од ТППЕ Струмица.

Струмица, 24 ноември 2024 (МИА) - Денеска околу 09:30 часот во пожар изгореа покрив и кат од семејна куќа на улицата „Спиро Захов“ во Струмица, соопштија од ТППЕ Струмица.
Пожарот го гаснеле три против пожарни возила и 10 пожарникари, кои успеале навреме да го локализираат и ликвидираат и спречиле да се прошири и да предизвика поголема штета.
Во пожарот нема повредени лица, а предизвикана е материјална штета.
Причините за пожарот дополнително ќе се испитуваат.рт/ир/
Фото: ТППЕ Струмица