• понеделник, 23 декември 2024

ИЗБОРИ 2024/Османи: Претседателските избори се референдум за заокружување на целосна рамноправност во државата

ИЗБОРИ 2024/Османи: Претседателските избори се референдум за заокружување на целосна рамноправност во државата

23 февруари 2024 

Поздрав од Соединетите Американски Држави,

Овде сум на годишнината од почетокот на руската агресија врз Украина, заедно со група министри за надворешни работи кои беа најгласни во обидот да ги запрат руските империјалистички амбиции да ги нападнат и окупираат нашите земји.

Подоцна ќе се обратам на Генералното собрание на Обединетите нации како ретка можност да му се обратам на светот од најголемиот центар на глобалното одлучување дека е дојдено време да се каже "Не" на Русија и "Да" на Европа.

Веста за мојата номинација за претседател ми најде пријатели во Америка.

Причината зошто Bи се обраќам денес е да ви се заблагодарам за големата поддршка што ја добив од вас за номинацијата да бидам кандидат за прв претседател Албанец на Северна Македонија.

Ми претставува огромна чест и со најголема понизност сакам да му се заблагодарам на лидерот Ахмети што ми даде можност да бидам носител на една од неговите мисии, но и на сите партиски структури и на многу политички непознати граѓани, кои станаа дел од сеопфатна државна платформа која вели дека не само што треба да бидам кандидат со единствено локално и меѓународно искуство за шеф на државата, туку пред се треба да бидам носител на идејата дека, како што вели Али Ахмети, дојдено е времето.

Претседателските избори се референдум за заокружување на целосна рамноправност во државата и чест ми е што мојата кандидатура е одлична идеја и важна мисија во низата мисии кои ја институционализираат еднаквоста во земјата и го запечатија институционалното достоинство на Албанците во земјата.

Демократска унија за интеграција

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ДУИ 

Остани поврзан