• среда, 18 декември 2024

Избори во Хамбург: Најлош резултат на ЦДУ досега, АфД го помина цензусот

Избори во Хамбург: Најлош резултат на ЦДУ досега, АфД го помина цензусот
Берлин, 24 февруари 2020 (МИА) - Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел, според прелиминарните резултати, го забележа најлошиот резултат во историјата на локалните избори во Хамбург, а екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) го помина изборниот цензус. На изборите во градот-држава победи партијата на левиот центар и коалициски партнер на ЦДУ во германската Влада, Социјалдемократската партија (СПД), а добар резултат постигна и партијата Зелени. Според изборната комисија во Хамбург, СПД освои 39 проценти од гласовите, Зелените 24,2 отсто, Христијанско - демократската унија (ЦДУ) 11,2, партијата Левица 9,1, АфД 5,3 и Либерално демократската партија (ФДП) пет проценти од гласовите. Актуелниот и најверојатно иден градоначалник-премиер на Хамбург, Питер Ченчер од СПД веќе најави разговори со Зелените за продолжување на коалицијата која е на власт во овој град-сојузна држава од 2015 година. Причината за лошиот резултат на ЦДУ, според Би-Би-Си, е лидерската криза во партијата, откако наследничката на Ангела Меркел, Анегрет Крамп Каренбауер месецов ја најави нејзината оставка. јт/

Остани поврзан