• среда, 16 октомври 2024

ИДФ: Убиен е Махмуд ал-Мабух , командант на единицата за дронови на Хамас во Газа

ИДФ: Убиен е Махмуд ал-Мабух , командант на единицата за дронови на Хамас во Газа

Тел Авив, 16 октомври 2024 (МИА) - Израелската армија тврди дека во воздушен напад го убила командантот на единиците за беспилотни летала на Хамас во северниот дел на Газа, Махмуд ал-Мабух. 

Според соопштението на ИДФ, Ал-Мабух бил одговорен за нападите со дронови врз Израел и израелските војници во Газа, пренесува „Тајмс оф Израел“. 

ИДФ, исто така, соопшти дека ликвидирала оперативци на Хамас во Џабалија во борба лице в лице, како и во воздушни напади.

Израелските сили извршија напади со дронови во Рафа врз „ќелија на вооружени терористи“ кои планираа терористички напади, се додава во соопштението на израелската армија.сд/

фото:ИДФ

Остани поврзан