• недела, 15 декември 2024

ИДФ: Убивме 25 припадници на Хезболах кои го прекршија примирјето

ИДФ: Убивме 25 припадници на Хезболах кои го прекршија примирјето

Тел Авив, 8 декември 2024 (МИА) - Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека од почетокот на примирјето со Хезболах во Либан, неутрализирале околу 25 оперативци на групата кои го прекршиле договорот.

„Неколку десетици позиции на Хезболах беа погодени откако примирјето стапи во сила“, се наведува во соопштението.

Според договорот, Хезболах мора да се повлече од јужен Либан, а либанската армија постепено ќе ја преземе контролата врз оваа област, пренесува Тајмс оф Израел. До крајот на јануари, ИДФ треба целосно да се повлече. ссм/

фото: архива

Остани поврзан