• вторник, 24 декември 2024

Иванов се обрати во ОН во Женева на панел за права на идните генерации

Иванов се обрати во ОН во Женева на панел за права на идните генерации

Скопје, 13 јануари 2024 (МИА) - Поранешниот претседател на државата Ѓорге Иванов се обрати во Обединетите Нации во Женева на панел за права на идните генерации. Станува збор за дел од 27. состанок на високо ниво на Меѓународниот центар Низами Ганџави, што се одржа во Женева на 11 и 12 јануари. Главната тема на настанот беше „Иднината на мултилатерализмот: Самит за иднината и потребата од нов глобален договор за меѓународна соработка“, во функција на подготовка на претстојното Генерално собрание на Обединетите Нации, каде ќе се одржи Самитот за иднината, соопштија од Кабинетот на Иванов.

Во обраќањето, како што се додава во соопштението, Иванов кажал дека „општ заклучок на сите годишни извештаи и демократски индекси, е, дека светот станува сѐ помалку демократски“.

- Демократијата секаде се соочува со опаѓање, а автократијата е во пораст. На глобално ниво, бројот на земјите кои се движат кон авторитаризам, во последните шест години е двојно поголем од бројот на земји кои се движат кон демократија. Се влошуваат граѓанските слободи и владеењето на правото, а авторитарните влади стануваат сѐ повеќе репресивни, пишува во соопштението.

Се додава дека на состанокот на високо ниво, одржан во Канцеларијата на ОН во Женева, учествувале Татјана Валоваја - генерален директор на Канцеларијата на ОН во Женева, Тедрос Гебрејесус - генералниот директор на СЗО, Филипо Гранди - високиот комесар на Агенцијата за бегалци на ОН, генералниот директор на Светската трговска организација, претставници од Женева на УНДП и на ИОМ, МОТ, УНАИДС и ИТУ. Исто така, на настанот учествувале и поранешни претседатели и премиери и други високи претставници на меѓународни организации. бд/ев/

Фото: Кабинет на Ѓорге Иванов

Остани поврзан