• сабота, 23 ноември 2024

Ивановска: Потребна е проактивност од другите институции кога се работи за предмети кои се од особен јавен интерес

Ивановска: Потребна е проактивност од другите институции кога се работи за предмети кои се од особен јавен интерес
Скопје, 25 октомври 2021 (МИА) - Потребна е проактивност од другите институции кога се работи за предмети кои се од особен јавен интерес, изјави денеска директорката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска, посочувајќи дека се уште чекаат одговори по нивните иницијативи од Јавното обвинителство, како и по иницијативите за разрешување на одговорни лица, за ограничување на дискреционите права на одговорните лица за вработување и многу други препораки за кои, како што рече, чекаат да се имплементираат, а се во насока на подобрување на системот воопшто. Одговори, посочи Ивановска, чекаме за предметот за јавните набавки во ДИК, кој е даден уште во 2019 година, за деталниот урбанистички план предметот е даден уште пред шест месеци и се уште нема разрешница. - Сметам дека тоа е од особен јавен интерес, за кој што треба Основното јавно обвинителство да се произнесе, бидејќи има низа такви детални урбанистички планови кои што се донесени на ист начин. Од друга страна сметаме дека оценката на Уставниот суд досега требаше да ја добиеме. Уште летото  го дадовме предметот за оценување на уставноста на законот поврзан со Бехтел и Енка, истакна Ивановска. Прашана да појасни за какви обиди на дискредитација на работата на ДКСК станува збор, Ивановска рече дека „сме сведоци на честите изјави во јавноста од поедицни, професори и луѓе кои се сметаат за компетентни да приговараат“, посочувајќи дека тие не мора секогаш да се носители на власт, како и а на малата примена, од само 30 проценти, на препораките и мислењата кои ги дава ДКСК. - Медиумите се сведоци на сите случувања и на честите изјави во јавноста од поедицни, кои што сакаат да ја дискредитираат работата на оваа Комисија велејќи дека „ги надминува своите надлежности“ или дека „не е доволно стручна и компетентна“. И самото непочитување на сите мислења и препораки што ги имаме дадено, на еден начин претставува дискредитација на работењето на Комисијата, рече Ивановска. За годишниот извештај, Ивановска посочи дека повторно прават оценка на тоа колку од препораките им се прифатени, нагласувајќи дека последниот пат, тоа било само 30 проценти од препораките. - Нормално дека тоа не е доволно. Мислам дека клучни препораки не беа прифатени. Клучни мислења, кои што, беа можеби одлучувачки за некои состојби, појасни Ивановска. аа/сп/

Остани поврзан