„Зошто не сега...?“ изложба на тројца македонски визуелни и мултимедијални автори во МКЦ
- Во Младинскиот Културен Центар во Скопје, вечер со почеток во 19 часот ќе биде отворена првата заедничка изложба на новоформираната „Уметничката група 3“ од авторите м-р Страхил М. Петровски, д-р Лазе Трипков и м-р Ангел, насловена „Зошто не сега …?, информираа денеска авторите. Тие ги поканија љубителите на визуелната уметност да ја проследат изложбата на тројцата визуелни и мултимедијални уметници. Изложбата ќе ја отвори проф. д-р Владимир Мартиновски.

Куманово, 17 февруари 2025 (МИА) - Во Младинскиот Културен Центар во Скопје, вечер со почеток во 19 часот ќе биде отворена првата заедничка изложба на новоформираната „Уметничката група 3“ од авторите м-р Страхил М. Петровски, д-р Лазе Трипков и м-р Ангел, насловена „Зошто не сега …?, информираа денеска авторите. Тие ги поканија љубителите на визуелната уметност да ја проследат изложбата на тројцата визуелни и мултимедијални уметници. Изложбата ќе ја отвори проф. д-р Владимир Мартиновски.
-Зошто не сега …? е евокативно истражување на контрасти, медиуми и уметнички потенцијал на монохроматското. Во срцето на уметничкото изразување лежи меѓусебната игра на контрасти, каде што разликите го обликуваат наративот на заедничката визија. „Хроматски контрасти: сенки, отсуство и рефлексија“ обединува тројца препознатливи македонски уметници – Страхил Петровски, Ангел Коруновски и Лазе Трипков – чии дела ги истражуваат димензиите на монохроматската, црната и апстракцијата. Оваа тријада на медиуми, стилови и перспективи се спојува за да ги осветли длабоките начини на кои отсуството и присуството можат да ја обликуваат нашата перцепција за реалноста. Во нивните уникатни пристапи кон црното како доминантна сила, овие уметници поставуваат убедливо прашање: зошто да чекаме да се вклучиме во длабоките можности на сегашниот момент, наведува Мартиновски.
Делата на Петровски нè повикуваат да се соочиме со минливата природа и да го перципираме светот околу нас, од еден поинаков агол на гледање. Прашањето: Зошто не сега …? резонира во неговите слики, објекти и инсталации и не „принудува“ да го видиме она што инаку би можеле да го занемариме и пропуштиме во одредени моменти од нашето битисување.
Уметноста на Коруновски ги предизвикува гледачите да се соочат со прашањето „Зошто не сега …?“ како покана за пауза, за задржување и за вклучување во емоционалната тежина на сегашноста. Во неговото црно, нема празнина, туку бесконечен пејзаж на контемплација.
Дизајните на Трипков не се статични – тие вибрираат со енергија што зборува за итноста на сегашноста. Неговите композиции се визуелен потсетник дека структурата и спонтаноста можат да коегзистираат и дека „Зошто да не сега …?“ е повик да се прифати хармонијата и во мислата и во делувањето.
Заедно, нивните дела го предизвикуваат поимот црно како отсуство, трансформирајќи го во богат спектар на емоции, текстура и форма. Насловот „Зошто не сега …?“ одекнува низ изложбата и како прашање и како предизвик. Уметници нè поттикнуваат да го искористиме моментот и да го откриеме длабокото во сегашноста.Зошто не сега …? не е само изложба; тоа е искуство – динамична средба со три перспективи на времето, присуството и перцепцијата. ам/
Фото: Плакат