• петок, 05 декември 2025
Зимска пилешка чорба

Богата и миризлива чорба, едноставна и брза за подготовка... ги зајакнува  душата и телото

 

 

Состојки:

  • 200 грама пилешки гради
  • мала конзерва бел грав
  • 6 дл пилешки бујон
  • 1 кромид
  • 1,5 дл доматно пире
  • 2 моркови
  • 2 стебла целер
  • 200 грама печурки
  • 3 чешниња лук
  • маслиново масло
  • зачини: сол, бибер, мајчина душица, ловоров лист, ако сакате луто, можете да додадете лута пиперка

 

Подготовка:

Исчистете го и исецкајте го зеленчукот. Измијте го месото и исечете го на ленти или коцки. Пржете го кромидот, морковот, целерот, печурките и лукот во маслото. Кога зеленчукот ќе омекне, додадете го месото и пржете додека не порумени. Додадете го бујонот, доматното пире , гравот и  зачините и гответе околу 45 минути. Добар апетит!

 

Фото: Фрипик

Остани поврзан