• вторник, 24 декември 2024

Зидојче цајтунг: Германската влада размислува да протера значителен број руски дипломати

Зидојче цајтунг: Германската влада размислува да протера значителен број руски дипломати
Берлин, 4 април 2022 (МИА) - Германската федерална влада ги истражува активностите на руските дипломати за кои се сомнева дека работат за тајните служби. „Се разбира, една работа е многу јасна, сите опции се на маса“, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи во Берлин за „Зидојче цајтунг“. Весникот објави дека федералната влада размислува да протера „значителен број“ руски дипломати. Минатата недела Белгија протера 21 руски дипломат под обвинение за шпионажа. Тие се вклучени во „шпионажа и операции за влијание кои ја загрозуваат националната безбедност“, напиша на Твитер министерката за надворешни работи Софи Вилмс. Исто така, во вторникот минатата недела, холандскиот министер за надворешни работи најави дека 17 руски дипломати ќе бидат протерани под обвинение за шпионажа. Чешка протера руски дипломат од земјата. паг/

Остани поврзан