• сабота, 31 август 2024

Зидан му дал рок на Марсело за да докаже дека уште може да игра во Реал

Зидан му дал рок на Марсело за да докаже дека уште може да игра во Реал
Мадрид, 14 април 2020 (МИА) - Дефанзивецот на Реал Мадрид, Марсело има намера да го увери Зинедин Зидан до крајот на сезоната дека може да се потпира на него во иднина. Бразилецот е број 1 на лев бек за Кралскиот клуб, но оваа сезона има само 15 натпревари во Ла Лига и Лигата на шампионите. Серхио Регилон и Ашраф Хакими ќе се вратат на „Бернабеу“ по нивниот закуп во Севилја и Борусија Дортмунд, што значи дека Зидан сè уште има опции за следната кампања. Во март, Французинот изјави дека му да време на 31-годишниот Марсело да се докаже и да импресионира со играта, откако ќе се обнови фудбалското првенство. Марсело има две години договор со шпанскиот клуб, а Реал ќе бара солидна сума на пари, доколку има некој покаже интерес за него. Јувентус ја следи ситуацијата околу Бразилецот и може да направи предлог во следниот прозорец трансфер прозорец.

Тагови

Остани поврзан