• недела, 22 декември 2024

Земјотрес почувствуван во Охрид и околината

Земјотрес почувствуван во Охрид и околината
Скопје, 23 август 2022 (МИА) - Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван изутрината во Охрид и околината. Како што информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот бил на 98 километри југозападно од Скопје во епицентралното подрачје Охрид. -Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот се случи во 9 часот и 4 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.1 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Охрид и околината, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. сст/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан