Земјотрес од 4,6 степени и неколку последователни потреси ја погодија северна Ерменија
- Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди северна Ерменија, во близина на градот Спитак во регионот Лори, соопшти Министерството за внатрешни работи на земјата.

Ереван, 8 март 2025 (МИА) - Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди северна Ерменија, во близина на градот Спитак во регионот Лори, соопшти Министерството за внатрешни работи на земјата.
Според првичните информации, земјотресот бил почувствуван и во Ширак и Тавуш, но засега нема информации за жртви или материјална штета.
Националниот сеизмички центар за следење потврди дека земјотресот бил почувствуван и во пограничните области на Грузија, со епицентар на 30 километри од границата. паг/
Фото: МИА архива