• петок, 23 август 2024

Зеленски ја посети граничната област за прв пат откако украинските сили влегоа во Русија

Зеленски ја посети граничната област за прв пат откако украинските сили влегоа во Русија

Киев, 22 август 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја посети украинско-руската граница во регионот Суми за прв пат откако украинските сили влегоа во Курск, погранична област на Русија.

За време на состанокот со врховниот командант на армијата, генералот Александар Сирски, Зеленски рече дека украинските сили зазеле уште една населба во рускиот регион Курск и заробиле повеќе руски војници за кои се надева дека ќе ги замени за заробени Украинци.

Од друга страна, руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека неговата војска ја презела контролата врз селото Межове во регионот на делумно окупираниот украински Доњецк.

Претходно денеска беше соопштено дека при украински напад со беспилотно летало е предизвикан пожар во воен објект на југот на Русија. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан