• вторник, 24 декември 2024

Зеленски: Русија подготвува дополнителна мобилизација од 300.000 војници на 1 јуни

Зеленски:  Русија подготвува дополнителна мобилизација од 300.000 војници на 1 јуни

Киев, 3 април 2024 (МИА) - Русија подготвува дополнителна мобилизација од 300.000 војници на 1 јуни, изјави денеска претседателот на Украина Володимир Зеленски по разговорите со финскиот претседател Александар Стуб во Киев.

Одговарајќи на новинарски прашања за тоа колку регрути ќе бидат мобилизирани во украинската армија оваа година, Зеленски рече дека половина милион војници нема да бидат потребни.

„Кога станува збор за конкретната бројка на луѓе кои ќе бидат мобилизирани, не можам да кажам... Не ни требаат половина милион“, рече Зеленски.

Зеленски му се заблагодари на врховниот командант на вооружените сили на Украина, Александар Сирски, што извршил ревизија во армијата, така што оние кои избегнале мобилизација ќе се најдат на фронтот. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан