• понеделник, 16 декември 2024

Зеленски: Украина сака да ги врати окупираните територии преку дипломатски канали

Зеленски: Украина сака да ги врати окупираните територии преку дипломатски канали

Киев, 2 декември 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја е посветена на ставање крај на војната со Русија и враќање на дел од нејзината територија преку дипломатски канали откако Киев ќе влезе во НАТО.

Во ексклузивното интервју за Кјодо Њуз во претседателската палата во Киев, Зеленски рече дека поддршката од неговите партнери „не е доволна“ и го повика НАТО што поскоро да го покани Киев на преговори за членство во воената алијанса.

Тој изјави дека „тешко е насилно повторно да се заземат некои од деловите на земјата окупирани од Русија, вклучувајќи го и Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014 година“.

-Нашата војска нема сила да го направи тоа. Тоа е точно. Мора да најдеме дипломатски решенија. Но, таквите чекори може да се разгледаат само кога знаеме дека сме доволно силни за Русија да не може да започне нова агресија против Украина, рече украинскиот лидер, истакнувајќи дека војната влезе во „комплициран период“.

Запрашан дали мисли дека американската поддршка за Украина ќе продолжи откако новоизбраниот претседател Доналд Трамп стапи на должност, Зеленски рече дека Трамп и неговиот тим ја знаат позицијата на Украина и нејзиниот „План за победа“, кој има за цел да ја стави во „силна позиција“ со цел да се олесни дипломатско решение. мс/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан