• понеделник, 16 декември 2024

Зеленски: Стратегијата на Русија да ја турне Украина во мрак нема да ја поколеба решителноста на Киев

Зеленски: Стратегијата на Русија да ја турне Украина во мрак нема да ја поколеба решителноста на Киев
Киев, 25 ноември 2022 (МИА) - Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, рече дека новата стратегија на Русија да ја втурне Украина во мрак со напади врз нејзината енергетска инфраструктура нема да ја ослабне решителноста на неговата земја.
„Тоа е војна на сила, отпорност, се работи за тоа кој е најсилен“, вели Зеленски во интервјуто објавено во денешното издание на „Фајненшл Тајмс“. Околу 15 региони во Украина се соочуваат со проблеми во снабдувањето со вода и електрична енергија. Само во главниот град Киев, околу 60 отсто од населението се соочува со прекини во снабдувањето со електрична енергија. Украина и денеска продолжува да работи на санирање на енергетската инфраструктура оштетена од руските удари, со цел да обезбеди струја и греење за милиони граѓани. „Состојбата со струјата и понатаму е тешка во речиси сите региони“, рече Зеленски синоќа во редовното обраќање и додаде дека постојано се врши приклучување на потрошувачите кон електричната мрежа. аб/

Остани поврзан