• среда, 17 декември 2025

Зеленски: Само Москва го отфрла предлогот за средба во Ватикан за мир во Украина

Зеленски: Само Москва го отфрла предлогот за средба во Ватикан за мир во Украина

Рим, 9 јули 2025 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека во моментов само Москва го отфрла предлогот за одржување состаноци на ниво на раководство на двете земји во Ватикан.

Тој, по состанокот со папата Лав Четиринаесетти изјави дека предлогот за средби на ниво на лидери во Ватикан, со цел ставање крај на руската агресија и постигнување стабилен, траен и вистински мир, „останува отворен и апсолутно можен“, пренесува Укринформ.

- Во моментов, само Москва го отфрла овој предлог, како и сите други мировни предлози. Ќе продолжиме да градиме глобална солидарност за дипломатијата и понатаму да функционира, напиша Зеленски на социјалните мрежи.

Тој му се заблагодари на папата за поддршката на украинските деца, вклучувајќи ги и оние вратени од руско заробеништво.

- Украинските деца имаат можност за рехабилитација и одмор во Италија, и таквото гостопримство и искреност се исклучително важни. Денеска разговаравме за понатамошните напори на Ватикан да ги врати украинските деца кои беа киднапирани од Русија, наведе Зеленски.

Украинскиот претседател пристигна во посета на Италија, каде што ќе учествува на дводневната Конференција за обнова на Украина (УРЦ 2025) која почнува утре во Рим. јт/

Фото: Зеленски на Фејсбук

Остани поврзан