• сабота, 23 ноември 2024

Зеленски во Одеса се сретна со холандскиот и британскиот министер

Зеленски во Одеса се сретна со холандскиот и британскиот министер

Киев, 8 јули 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Одеса оствари средба со новиот холандски министер за одбрана и надворешни работи Каспар Велдкамп и британскиот министер за одбрана Џон Хили по повод Денот на украинската морнарица и ги информираше за ситуацијата на фронтот.

-Ќе продолжиме да ја зајакнуваме украинската флота заедно со Велика Британија и Холандија, а има нови охрабрувачки детали од нашата соработка, изјави Зеленски.

Тој додаде дека разговарале и за зајакнување на украинската воздушна одбрана, што е апсолутен приоритет. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан