• среда, 25 декември 2024

Здружение на граѓани „Ромаверзитас“: Стоп за злоупотреба на квотите и промена на уписните политики

Здружение на граѓани „Ромаверзитас“: Стоп за злоупотреба на квотите и промена на уписните политики

Скопје, 11 септември 2023

Ромските студенти испратија реакција со предупредување за протести и поставување шатори до Управата на Медицинскиот факултет, незадоволни од примената на уписната политика и злоупотребата на квотите на Универзитетот. По објавување на конечната ранг листа од првиот уписен рок 2023 -2024 година на Медицинскиот факултет, констатирано е дека сите пет ромски студенти што аплицирале на овој повик се одбиени од државна и од приватна квота на факултетот и немаат можност да го продолжат своето образование.

Студентите од здружението на граѓани „Ромаверзитас“, по објавување на резултатите и реакциите на студентите кои не се примени на Медицинскиот факултет, почнаа кампања против Злоупотреба на квотите на целиот универзитет и корекција во примената на уписната политика. Во знак на поддршка и солидарност неколку студенти на Ромаверзитас поставија транспаренти и обоени пораки пред Медицинскиот факултет. Ромаверзитас oтвори телефонска линија за контакт и поддршка на сите студенти кои се соочуваат со овој проблем (071380350).

A.A. е една од студентите што не се запиша на Факултет. „Целата моја надеж, љубов и смисла за живот пропаднаа во вода. Претпоставувам нема да бидам студентка на Медицинскиот факултет, но би сакала да се овозможи поголем пристап и можности за наредните Ромски генерации кои навистина би биле  одлучни во нивната одлука за студирање. Во нашата држава во која живеат голем број Роми нема смисла само 2 или 3 од нив да станат доктори. Освен што постои ромскатак вота, на неа треба да бидат додадени плус можности за Ромите, а во едно и таа да се почитува“.

Л.А, кој со 88,864 поени од успехот во средно и од државна матура не е примена, исто така реагира затоа што не се пресметани и поените кои што би значеле влез на националности според Стратегијата за Роми?

Реакции од ромските студенти за Медицинскиот факултет имаше и претходната академска година, кога други лица место Роми влегоа во државната квота на факултетот, додека ромските студенти беа одбиени. Според  Конкурсот за запишување на студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во учебната 2023/2024 година, на Медицинскиот факултет треба да се запишат 760 студенти од кои 290 редовни студенти со 200 евра (кои се финансираат од Буџетот на РСМ), додека 340 студенти како редовни студенти со школарина од 400 евра.

Елвис Мемети, советник за инклузија на Роми во Кабинетот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, целосно ги разбира и поддржува реакциите на студентите. „Не може да имаме никаква толеранција на злоупотреби во образованието. Ако тука не успееме „до корен да ја искорениме тридецениската дискриминација” - никаде не сме успеале. Тоа не е само моја битка или политичка борба на ромската зедница, туку и на целото општество. Нашата стратешка цел во образованието е целосен опфат и пристап до сите нивоа на образование. Нашата држава е пример во регионот по бројот на ромски студенти, стипендии и тоа мора да го продолжиме. Кога имаме реакции дека ромските студенти не се примени на Факултет или не успеваат да дојдат до еднакви шанси за натпревар, согласно актуелните уписи и злоупотреби, тогаш таа политика треба да се промени или да се корегира нејзината примена. Во овој случај да овозможиме влез и образование на сите пет студенти. Затоа што бројот на Роми кои што го продолжуваат образованието и бројот на доктори Роми е мал и е дефицитарен во државата и во регионот“, вели Мемети.

Според постоечката уписна политика, пример од 760 студенти, објаснува Мемети, само 10% треба да бидат од заедниците (или 76 студенти максимум) од нив 2.53% може да бидат Роми тоа се само 2 студенти Роми запишани на целиот медицинскиот факултет. И тука треба промена бидејќи сите останати студенти Роми се одбиени. Тоа не е афирмација.

„Злоупотребата на квотите исто така е проблем. Бидејќи шансите, за кој било да донесе заверена изјава на нотар дека е припадник на ромската заедница за да искористи некоја потенцијална можност, се големи. Затоа е потребно и покрај изјавата заверена на нотар да се донесе и потврда или препорака од правно лице (од ромски НВО која работи со средношколции студенти) како поткрепа на изјавата на лицето“, вели Мемети.

 

Здружение на граѓани „Ромаверзитас“

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан