• петок, 27 декември 2024

Здружението МАТТА дел од изработката на тренинг прирачник на Светската организација за цивилно воздухопловство

Здружението МАТТА дел од изработката на тренинг прирачник на Светската организација за цивилно воздухопловство
Скопје, 4 април 2021 (МИА) - Здружението на воздухопловно техничкиот персонал во системот на контрола на летање - МАТТА – Macedonian Air Traffic Technical Association, активно учествувала и придонела во изработката на тренинг прирачникот за работата на воздухопловно техничкиот персоналот за безбедност на воздушниот сообраќај АТСЕП кој е официјален документ на Светската организација за цивилно воздухопловство ICAO. Здружението MATTA, на покана на регионален директор за азиско-пацифичкиот регион и водач проект, Сентхиввел Баласубраманиан, зема активно учествуво со своите членови во сите фази на подготовката и истражувањето на студијата „Човечки фактори на АТСЕП, фактори и контра мерки“. Студијата и анализата, како што информираат од здужението МАТТА, е спроведена во фази и траела една година, преку истражување, вебинари и интензивна работа. - Резултатите од студијата се јасно дефинирани фактори, конечни консолидирани мерки и предлози за подобрување на состојбата во оваа област што може да ја подобри безбедносната култура и професионалното ангажирање на персоналот на АТСЕП. Значењето на оваа студија е да помогне при планирање, организирање на работа и разбирање на описот на работата на оваа професија и како такво може да биде важно не само за персоналот на АТСЕП, туку и за разни меѓународни институции, воздухопловни власти, контрола на летање и други заинтересирани граѓански воздухопловни институции, се вели во соопштенито од Здружението МАТТА. МАТТА – (Macedonian Air Traffic Technical Association) веќе 25 години ја застапува нашата земја во Меѓународната федерација на здруженија на воздухопловно техничкиот персонал за безбедност на воздушниот сообраќај (IFATSEA), која соработува со Светската организација за цивилно воздухопловство (ICAO) во областа на стандардите и препораките за работата на воздухопловно техничкиот персоналот за безбедност на воздушниот сообраќај (ATSEP – Air Traffic Saffety Electronics Personnel). - Како здружение активно учествувавме и оставивме печат во тренинг прирачникот за АТСЕП кој стана официјален ICAO документ, учество во работна група за признавање на лиценци за работа на АТСЕП во ИКАО Анекс 1. До сега сме организирале состанок на бордот на директори на IFATSEA, Генерално собрание со делегати од цел свет и Собрание на европската група на IFATSEA, состанок на наш член со Претседателот на ICAO во седиштето на ICAO, стои во соопштението од МАТТА. аа/ир

Остани поврзан