• среда, 28 август 2024

Зградата на МНР осветлена во боите на НАТО

Зградата на МНР осветлена во боите на НАТО
Скопје, 3 април 2022 (МИА) - Во пресрет на Денот на НАТО зградата на Министерството за надворешни работи вечерва осамна осветлена во боите на Алијансата. - Во пресрет на Денот на НАТО, ја осветливме зградата на МНР заедно со други владини институциите во боите на Алијансата, со цел одбележување на 73 годишнината од формирањето на НАТО, објави шефот на дипломатијата Бујар Османи на Фејсбук. Османи во објавата нагласува дека заедно со останатите 29 сојузници стоиме обединети и одлучни во определбата за зачувување на европската и трансатлантска безбедност, особено во контекст на актуелните безбедносни предизвици - Како кредибилен НАТО сојузник остануваме посветени во креирањето значајни одлуки и заложбите за одбрана на мирот, безбедноста, слободата и демократскиот просперитет, додава шефот на дипломатијата во објавата. сп/

Остани поврзан