• среда, 15 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Зголемена фреквенција на возила по патиштата, на граничните премини нема подолги задржувања

Зголемена фреквенција на возила по патиштата, на граничните премини нема подолги задржувања

Скопје, 5 август 2025 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, но на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

АМСМ наведува и дека во целост е отворен за сообраќај државниот пат А1 Градско - Прилеп од раскрницата кај бензинската станица Лукоил до клучката кај бензинската станица Салида и воедно потсетува дека поради изведба на проектот „Изградба на патна делница Градско – клучка Дреново“, дел од Коридорот 10д, ќе има временa изменa на режимот на сообраќај на Експресниот пат А1, делница Градско – Дреново. Измените ќе важат од 04.08.2025 до 16.09.2025 година, при што сообраќајот ќе биде пренасочуван и регулиран со поставена соодветна сообраќајна сигнализација. мч/

фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан