• петок, 21 февруари 2025

Зверев прв полуфиналист на Австралија Опен

Зверев прв полуфиналист на Австралија Опен

Мелбурн, 21 јануари 2025 (МИА) - Германскиот тенисер Александар Зверев утринава го победи Американецот Томи Пол во четвртфиналето на Австралија опен 2025 година со резултат 7:6 (7:1), 7:6 (7:0), 2:6, 6:1.

Мечот траеше 3 часа и 44 минути. 

Дваесет и седумгодишниот Зверев имаше 7 асови, 5 двојни грешки и 7 конвертирани брејк топки од вкупно 11. Американецот сервираше 9 асови, направи 2 двојни грешки и реализира 3 брејк топки од 7.

Зверев во полуфиналето ќе се соочи со победникот од натпреварот Новак Ѓоковиќ – Карлос Алкараз. 

Германецот втора година по ред стигнува до полуфиналето на турнирот во Мелбурн. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан