• петок, 22 ноември 2024

Биоград на Море - срцето на Јадранот, гастрономски бренд со кунњки, прошек и кралски јадења

Биоград на Море - срцето на Јадранот, гастрономски бренд со кунњки, прошек и кралски јадења

Белград, 2 јуни мај 2024 (МИА) - Биоград на Море е популарна туристичка дестинација во Хрватска на Јадранското крајбрежје меѓу Сплит и Задар, познат и како „срце на Јадранот’. Околу него се националните паркови-Корнатски острови и слаповите на Крка, Плитвице и Вранското езеро под Динарските планини. Овој мал град нуди широка палета на туристички атракции и активности како што се песочните плажи, кристално чистото море со мирисот на крајбрежните борови, историјата на хрватскиот крал Коломан од 12 век, култура, ресторани и кафулиња со традиционална хрватска кујна.

Биоград на Море има неколку типа туризам и тоа за семеен опуштен одмор, наутички туризам и здравствен туризам.

- Биоград на Море е срцето на Јадранот и тука имате се. Море, клима, одлична храна, природни паркови, национални паркови, 10 хотели, 10 автокампови во борова шума, приватно сместување. Секој ден можете да бидете на екскурзија на различно место, а всушност да бидете стационирани во Биоград, и да ги посетите 140-те Корнатски острови и Националниот парк Плитвице, Крка и паркот на природата Вранско езеро. Сè е на едно место и само тука можете да уживате и во морска риба и во речна риба. Го имаме и Далмаленд-наменет за семеен туризам и целодневен престој, велосипедски патеки околу Вранско езеро и околу Биоград, шеталишта, борови шуми, песочни плажи, чисто море. Биоград има две марини и огромен наутички центар со илјада везови во пристаништето, а работиме и на здравствен туризам, вели Нивес Сјеличиќ, директорка на Туристичката управа на град Биоград.

Кунњките и прошекот синоним за Биоград на Море

Она што го нема никаде, а го има само тука, тоа се кунњките. Кунњка е школка, која тешко може да се најде на друго место, бидејќи се наоѓа само во Пашманскиот канал и во Биоград на Море.

Деликатесните и ретки школки (Arca noae) се една од причините поради кои гурманите доаѓаат тука. Кунњките се симбол на Пашманскиот канал, а заедно со нивниот специфичен вкус имаат и голема хранлива вредност. Низ историјата, лушпите на школките се користеле и во градежништвото.

null

Се среќаваат на положби заштитени од силни удари на морето, на длабочина од 1-10 м, закачени на чакалесто дно и се берат рачно или со посебна кука наречена кунњкар. Често се покриени со портокалов сунѓер со кој живеат во симбиоза, кој треба да се отстрани, бидејќи може да има интензивен мирис на јод. За да ги одвоите двете половини од школката, треба да го извлечете „чепот“ што ги поврзува. Тие се вредни намирници полни со протеини, селен, магнезиум, витамини Б12 и Б6, ниацин и здрави омега-3 масни киселини.

Во гастрономијата, кунњките има статус на врвен деликатес преку чиј вкус може да се доживее морето. Структурата овозможува и подолга термичка обработка.

Во Биоград, кунњката традиционално се подготвува „на бузари, на лешо, на скара и со рижото“ и нив можете да ги уживате во рестораните Кампанел, Европа, Рива, Бештек, Даниела и Барба.

Новинари од државите на поранешна Југославија имаа можност преку Туристичката заедница на Биоград, во соработка со „Гастронаут и 15-тина ресторани, да ги пробараат не само кунњките, туку и познатото вино „Прошек“.

Прошек е десертно вино, гордост на Далмација, кое е составен дел на многу локални специјалитети. Го додаваат во „бузар, брудет, паштицада и во различни видови сосови“.

null

Биоград на Море - хрватски кралски град

Биоград на Море е хрватски кралски град кој првпат се споменува во средината на 10 век, додека во 11 век бил седиште на хрватските кралеви и епископи. Во 1102 година таму бил крунисан хрватско-унгарскиот крал Коломан.

Низ историјата за него се бореле Венецијанците, Турците и Унгарците. Денеска во Биоград, морнарите од целиот свет се борат за најдобрите места во пристаништето, а потоа се препуштаат на задоволствата во таверните и рестораните. Рестораните имаат јадења направени од особено вредни состојки со имиња од кралски јадења.

- Во Хрватска, локалните производи се користат во промоција на туризмот, со што се помага локалната заедница, а во Биоград ја раскажуваме приказната за кунњката, јадењата со прошек, и сето тоа комбинирано во наутичка дестинација која се наоѓа помеѓу националните паркови, многу атрактивните острови, каде што има вековна традиција на риболов, вели Карин Мимица од „Гастронаут“, една од авторите на гастрономското брендирање на Биоград на Море.

Појаснува дека секогаш кога се работи на создавање на гастрономски бренд на одредена дестинација, потребна е детална анализа на пазарот.

- Во соработка со угостителите направивме анализа на нивната комплетна понуда и рецептите со цел да го извлечеме што на потрошувачот може да му биде интересно, а што е различно од други дестинации. Така дојдовме до кунњките кои се карактеристични за овој крај, деликатес од светски ранг, кои можат да бидат причина некој да се се упати кон Биоград за да доживее нешто навистина посебно. Исто така, за многуте наутичари кои се укотвуваат во Биоград да знаат дека можат да доживеат нешто што не можат да го искусат на друго место. Преку подетална анализа на рецептите, дојдовме и до заклучок дека „прошекот“ почесто се користи во Биоград како додаток на сосови, брудети и десерти отколку во другите далматински дестинации, па и него го брендиравме во соработка со угостителите. А бидејќи се работи за кралски град кој не се гордее со тоа што е кралски град, (кралот Коломан крунисан е овде за хрватско-унгарски крал, по што Хрватска потпаѓа под Унгарците 400 години), на состанокот со угостителите, најдовме компромис да ги наречеме јадењата како кралски јадења во кралскиот град, објаснува Мимица.

null

Гастрономијата има огромно значење во денешниот туризам, бидејќи статистиката покажува дека една третина од потрошувачката во туризмот е во угостителските објекти. Затоа, не чуди што се повеќе туристички локации гастрономски се брендираат.

Најновото глобално истражување покажува дека 58 отсто од гостите сметаат дека гастрономијата е многу важна, а 70 отсто се одлучуваат да пробаат локални специјалитети.

Во случајот на Биоград на морe, тоа се јадењата со кунњки и прошек, но и оние со сабјарка, козици, гамбори, туна, орада, бранцин, сардели, октопод под сач, шкампи, инчуни....придружени со рижото со мастило од сипа, маслинки, пијани смокви, пршута...

Оливер Бранковиќ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан