• вторник, 24 декември 2024

За една недела во Општина Центар казнети 257 возачи за непрописно паркирани возила

За една недела во Општина Центар казнети 257 возачи за непрописно паркирани возила

Скопје, 9 октомври 2023 (МИА) - На територијата на Општина Центар, во текот на минатата недела, казнети се 257 возачи за непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Како што информираат од ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар од 2 до 8 октомври, со помош на специјалните возила „пајак“ отстранети се 161 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичкото средство „блокатор“, санкционирани се 96 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

-За трајно решение на на сообраќајниот метеж и и проблемот со неправилно паркирање, неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и Општина Центар во наредниот период ќе продолжат секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани возила во Општина Центар, со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот, се наведува во соопштението на ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар. љм/са/

Фото: ЈП Паркинзи на Општина Центар

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан