• вторник, 24 декември 2024

Писмено соопштение од СУТКОЗ поради неисплатени плати на вработените во ЈКП ,,Брегалница" Делчево

Писмено соопштение од СУТКОЗ поради неисплатени плати на вработените во ЈКП ,,Брегалница

Делчево, 24 декември 2024 (МИА) - Поради нередовна исплата на плата од страна на Јавноти комунално претпријатие ,,Брегалница" Делчево, неисплаќање на целосниот износ на регрес за годишен одмор за 2023 година и неисплаќање на регрес за годишен одмор за 2024 година, денес со писмено соопштение до јавноста својот револт повторно го изразија од синдикалната организација СУТКОЗ.  

Дарко   Гоцевски,   како   претседател   на   СО   на   СУТКОЗ   при   ЈКП Брегалница -  Делчево  и  претседателот   на   СУТКОЗ  Стојанче Кашиковски, како што се вели во соопштението до МИА, во континуитет бараат од директорот Стојче Стојковски да се погрижи   обврските   кон   вработените   редовно   да   ги   сервисира.  

-Од   наша страна   беше   доставено   барање   за   покривање   на   загубите   на   Јавното претпријатие   до   градоначалникот   и   Советот   на   Општина   Делчево, но наидовме на незаинтересираност и експресен одговор од градоначалникот Горан   Трајковски  во   кој   очигледно   се   гледаше   негрижата   кон работниците   од   кои   тој   очекува   секојдневен   максимален   ангажман   за општината да биде чиста, уредена и редовно снабдена со вода за пиење, се наведува во соопштението на СУТКОЗ. 

Наместо да се решат проблемите на вработените, апсурдот   да   биде   уште   поголем,  како што се додава во соопштението на СУТКОЗ, истиот  тој  градоначалник   купува   елка   за новогодишно украсување на градот во вредност околу  20 000 евра, додавајки дека дека помпезно се фали со оваа прескапа елка вработените во ЈКП Брегалница се чудат како ќе ги поминат новогодишните празници без плата. 

-СУТКОЗ како единствен репрезентативен синдикат во комуналните дејности бил и ќе остане заштитник на работничките права и затоа јавно  Бараме од страна на градоначалникот Горан Трајковски. Редовна   исплата   на   платите   на   вработените   со   цел   да   не   се   доведе   во прашање нивната егзистенција и загрозување на здравјето на истите поради немање на здравствено осигурување. Да   престане   со   деструктивната   политика   кон   ЈКП   Брегалница   и   да   почне редовно да ги сервисира обврските кон претпријатието. Бараме   уште   на   наредната   седница   на   совет   да   биде   ставена точка   на дневен ред за финансиска помош на   ЈКП Брегалница Делчево од Општина Делчево како нејзин основач поради што има законска обврска за истото,додаваат од СУТКОЗ кои исти така како дел од барањата бараат итно разрешување на директорот на ЈКП Брегалница од причина што  неговото недомаќинско работење го  доведе претпријатието во вака тешка  состојба, стои во соопштението.  

Градоначалникот на Општина Делчево барањето за одговор го пренасочи кон директорот на претпријатието, велејќи дека тој како градоначалник нема да даде одговор на политички синдикати.

Директорот на претпријатието во одговор за МИА напомена дека напишаното во соопштението е лага, како претпријатие имаат осигурување, а веќе во петок како што најави дел од платата за месец ноември ќе биде исплатена.

Доколку не се прифатат барањата на СУТКОЗ, на крај од соопштението, тие велат дека ќе се преземат сите можни законски мерки за исполнување на правата од работен  однос ,  т.е.   вработените   ќе   стапат   во   генерален   штрајк   и   ќе   се   побара  кривична одговорност од надлежните институции за раководната структура  на претпријатието. вс/дма/

Фото: Лого

Остани поврзан