• вторник, 24 декември 2024

За една недела санкционирани 151 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

За една недела санкционирани 151 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар
Скопје, 15 февруари 2022 (МИА) - ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционирале 151 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. - Во периодот од 7 до 13 февруари со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранети се 109 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 42 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, информираат од ЈП ПОЦ. ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.фф/дма/

Остани поврзан