За еден сантиметар зголемени нивоата на Охридско и Преспанско Езеро
- За еден сантиметар се зголемени нивоата на Охридското и Преспанското Езеро, покажуваат денешните хидролошки мерења. Сепак, двете езера се под просекот за октомври.

Скопје, 18 октомври 2023 (МИА) - За еден сантиметар се зголемени нивоата на Охридското и Преспанското Езеро, покажуваат денешните хидролошки мерења. Сепак, двете езера се под просекот за октомври.
Кај Дојранското Езеро кое е нешто над месечниот просек, промени во однос на вчерашниот ден нема.
И кај реките не се забележани поголеми промени на водостоите, освен на вардар кај Велес. мч/дма/
фото: МИА архива