• вторник, 24 декември 2024

За девет месеци 21 лице осомничени за разни видови напади врз полицајци

За девет месеци 21 лице осомничени за разни видови напади врз полицајци
Тетово, 21 септември 2021 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Тетово за речиси девет месеци во 2021 година има поднесено кривични пријави против вкупно 21 лице за повеќе видови кривични дела, а се поврзани со разни видови на напади, спречување при работа на полициски службеници. Десет од нив се за „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, пет во „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“ и шест за „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“. - Заклучно со 20 септември, во СВР Тетово изготвени и до Основните јавни обвинителства во Тетово и во Гостивар поднесени се седум кривични пријави против десет сторители, од кои седум во Тетовско и три во Гостиварско за сторени осум кривични дела (ТЕ-5 и ГВ-3) „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“ казниво по член 383 од Кривичниот законик, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово. Според кривичниот законик и членот 383 за делото е предвидено парична казна или затвор до три години. Ако при извршување на делото сторителот се заканува со употреба на оружје, го малтретира или го навредува службеното лице предвидена е затворска казна од шест месеци до пет години. Ако при извршувањето на делото на службеното лице му е нанесена тешка телесна повреда, сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години. Петте осомничени кои се опфатени со кривична пријава „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“ казниво по член 384 од Кривичниот законик се луѓето кои полицијата ги приведе по насилните протести што се случија во петокот 17 септември во тетовска Мала Речица.  Делото „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“ е  казниво по член 384 од Кривичниот законик и се предвидени парични и затворски казни, максимално до пет години. Во овој период од јануари до 20 септември евидентирани се и шест кривични пријави, од кои четири во тетовскиот и две во гостиварскиот регион против исто толку сторители за исто толку кривични дела „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“, согласно член 382 од Кривичниот законик. Исто така предвини се парични и затворски казни, со максимално до десет години. ас/цр

Остани поврзан