За два денара поскапува екстра лесното масло за домаќинствата
- Екстра лесното масло за домаќинствата поскапува за два денара и од ноќеска на полноќ литар ќе чини 75,7 денари, а нема промени на цените на бензините, дизелот и мазутот, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Скопје, 2 март 2023 (МИА) - Екстра лесното масло за домаќинствата поскапува за два денара и од ноќеска на полноќ литар ќе чини 75,7 денари, а нема промени на цените на бензините, дизелот и мазутот, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Цената на литар ЕУРОСУПЕР БС - 95 останува 81,5 денари, на ЕУРОСУПЕР БС - 98 и натаму ќе биде 83,5 денари, на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76 денари, а на килограм мазут М-1 НС 41,266 денари.
Со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,53 проценти во однос на одлуката од 27.минатиот месец. лв/ац/
Фото: МИА архива