За власта нема ништо спорно Законот за здруженија да биде испратен во Венецијанската комисија, опозицијата бара негова итна примена
- Откако завчера шефот на дипломатијата Бујар Османи од Софија најави дека ќе и предложи на Владата да го испрати Законот за здруженија до Венецијанската комисија, за да даде оценка по забелешк




Мицкоски, пак, вчера, во врска со најавата на Османи рече дека Законот треба да почне да се применува.
-ВМРО-ДПМНЕ предложи закон во Парламентот, тој закон помина, тој закон е изгласан и тој закон треба да почне час поскоро да се применува, рече Мицкоски.
Додаде дека ако власта не знае како да почне да го применува, да почне со бугарскиот клуб во Охрид.
-Уште утре да го затворат клубот „Цар Борис“ во Охрид и да се укине регистрацијата на тој клуб, бидејќи тој клуб, очигледно и јасно ни е на сите, носи име на фашистички соработник. Односно, на бидам попрецизен, нацистички соработник, за време на Втората светска војна, рече Мицкоски.

Според него министерот за надворешни работи Османи во последниот период континуирано работи против интересите на македонскиот народ, a дипломатијата ја сфаќа како задоволување на интересите на сите.
-Го заплетка процесот со своите егзибиции на меѓународна политика, затоа што тој, дипломатијата ја сфаќа да се удоволуваат интересите на сите, а да се загрозуваат интересите на македонскиот народ. И тоа погрешно поимање на политиката, тоа е погрешно поимање на дипломатијата, истакна Мицкоски.
Шефот на дипломатијата, пак, завчера потенцира и дека институциите и министерствата за надворешни работи треба да ја предводат соработката меѓу двете земји и оти не смее да се дозволи некој друг да ја води надворешната политика и во неа да наложува друг дневен ред.