• понеделник, 25 август 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане

ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане

Куманово 17 јули 2025 (МИА) -  Неколку пожари има на подрачјето на општините Куманово и Старо Нагоричане, информираше Центарот за управување со кризи. 

-Поради ветер кој го зафати подрачјето на Општина Куманово и Град Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари. Во Општина Куманово  и Општина Старо Нагоричане се пријавени пожари во село Романовце, Агино Село, Табановце, Шупњи Камен, Младо Нагоричане, Стрновац, соопшти ЦУК.

Во скопскиот регион се пријавени пожари помеѓу Индустриска зона Бунарџик и рафинерија Окта. ам/дма/


Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан