• петок, 08 ноември 2024

Захарова: Изјавите на Трамп за завршување на судирите мора да бидат проследени со конкретни чекори

Захарова: Изјавите на Трамп за завршување на судирите мора да бидат проследени со конкретни чекори

Москва, 6 ноември 2024 (МИА) - Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова денеска изјави дека изјавите на Доналд Трамп за прекин на конфликтот во Украина мора да бидат проследени со конкретни чекори. 

Захарова за телевизијата „Русија 24“ изјави дека изјавите на Трамп мора да бидат проследени со конкретни активности на кои ќе се фокусираат сите страни. 

Според неа, Трамп разбрал дека САД треба да ги решат своите внатрешни проблеми, пренесоа руските медиуми.

Трамп, кој пред еден час прогласи победа на претседателските избори во САД, рече дека планира да не започнува војни, туку да ги прекине. сд/

фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан