• среда, 25 декември 2024

Заседание на Совет за конкурентност на ЕУ 

Заседание на Совет за конкурентност на ЕУ 

Брисел, 25 септември 2023 (МИА) – Во Брисел денеска ќе се одржи заседание на Совет за конкурентност на ЕУ, што го сочинуваат министрите на земјите членки на Унијата задолжени за трговија, економија, индустрија, истражување и иновации, со кое ќе претседава шпански државен секретар за Европската Унија, Пасквал Наваро Риос. 

На дневниот ред на седницата се разгледување на предложените измени на Директивата за правна заштита на дизајните и на Регулативата за дизајни, со кои треба да се ажурираат актуелните правила во овој сектор, усвоени пред 20 години, со што треба да се обезбеди полесна и поевтина заштита на дизајните на единствениот европски пазар. 

Министрите ќе ја разгледуваат и регулативата „Еуро 7“, предложена од Европската комисија, која има за цел да воспостави стандарди за емисии и издржливост на акумулаторите за моторни возила и мотоцикли. Со „Еуро 7“ треба да бидat заменети двете претходни регулативи што го уредуваа ова прашање, а кои се однесуваа одвоено за автомобили, комбиња и лесни возила („Еуро 6“) и за камиони и тешки возила („Еуро VI“). Сега се предлага прашањето за емисиите и издржливоста на акумулаторите да се уредува си единствена регулатива. 

На дневниот ред на заседанието е и документот подготвен од шпанското претседателство на ЕУ 

за улогата на проверките на конкурентноста во формулирањето на законските предлози на Унијата, како и Директивата за подготовка на потрошувачите за зелената транзиција, преку нивна зголемена заштита од нефер практики и подобра информираност. 

Министрите ќе бидат информирани и за резултатите од Иберо-американскиот форум на владини агенции за заштита на потрошувачите, што се одржа во Мадрид на 13 и 14 септември, како и за содржината на Фармацевтското законодавство на ЕУ од перспектива на почитување на конкурентноста. сп/јт/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан