• петок, 21 февруари 2025

Започна изградбата на паркинг простор на улица ,,Партизанска” во Берово

Започна изградбата на паркинг простор на улица ,,Партизанска” во Берово

Берово, 14 февруари 2025 (МИА) - Започна изградбата на паркинг простор на улица ,,Партизанска” во Берово. Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски кој изврши увид во работите истакна дека градежните работи на оваа улица се во должина од 600 метри квадратни.

- Ќе се гради паркинг простор со бехатон плочки, во вкупна површина од 600 метри квадратни. Предвидено е поставување на ивичнаци и соодветно одводнување на предвидениот простор.  Со тоа Берово добива нов паркинг простор за паркирање на 30 возила, обезбедувајќи уредено и безбедно место за паркирање, истакна Пекевски.

Изградбата на паркингот како што додаде се реализира согласно урбанистичкиот план и сообраќајните услови.

-На истиот ќе се влегува преку преку ул.,,Неретва” . Жителите од комплекс зградите на ул ,,Партизанска”, ламела 1, 2 и 3  добиваат нов уреден простор за паркирање, со што ќе се регулира сообаќајот,  во овој дел од градот. Вложуваме во нови паркинг места и подобри сообраќајни решенија за сите нас, додаде Пекевски. 

Вредноста на инвестицијате е  1.491.259,00 денари , кои се обезбедени во рамките на објавениот јавен повик на Влада на РСМ, за финансирање на инфраструктурни проекти од Програмата АА- Инфраструктурни проекти во општините, на Министерството за локална самоуправа, согласно измените и дополнувањата на Буџетот на РСМ, капитални проекти  од областа на транспортот за 2024 година. вс/са/

Фото: МИА

 

Остани поврзан