• сабота, 09 ноември 2024

Запленети пет килограми сребрен накит и бижутерија на Меѓународниот аеродром Скопје

Запленети пет килограми сребрен накит и бижутерија на Меѓународниот аеродром Скопје

Скопје, 10 октомври 2023 (МИА) - Околу пет килограми сребрен накит и бижутерија се запленети од страна на царински службеници на Меѓународниот Аеродром Скопје откако странски државјани, Британец и Турчин, не го пријавиле накитот со што направиле прекршок на царинските регулативи, известуваат од Царинската управа.

- Во едниот случај станува збор за четири килограми сребрен накит и бижутерија што британски државјанин, инаку сопственик на продавница за накит се обидел да ги изнесе од државата, без притоа да ја декларира стоката од комерцијален карактер кај царинските службеници. Накитот е откриен при контрола на рачниот и дополнителниот багаж којшто е побаран од страна на царинските службеници по увид на картата на патникот, соопштуваат од Царинската управа.

Во вториот случај, на влез во државата, запленети се 123 парчиња сребрен накит откриени по контрола на патник, инаку турски државјанин, кој патувал од Истанбул. ир/са/

Фото: Царинска управа

Остани поврзан