Заменик-претседателот на Владата, Беким Сали, учествуваше на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик
- По покана на директорот на Агенцијата за примена на јазиците, Гранит Османи, заменик-претседателот на Владата, Беким Сали, учествуваше на одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.
20 февруари 2026
По покана на директорот на Агенцијата за примена на јазиците, Гранит Османи, заменик-претседателот на Владата, Беким Сали, учествуваше на одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. На настанот присуствуваа и заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, градоначалникот на општина Тетово, Биљал Касами, како и амбасадорот на Косово, Флоријан Кехаја.
По тој повод, Сали истакна дека мајчиниот јазик претставува темел на идентитетот, културното наследство и општествената кохезија нагласувајќи дека неговата употреба и почитувањето во институционалниот и јавниот живот претставуваат основно право и демократски стандард.
Повикајќи се на албанологот Екрем Чабеј, тој потсети дека јазикот е најјасното огледало на историјата и духот на еден народ и затоа треба да се негува и промовира како обединувачка вредност во едно мултиетничко општество.
Кабинет на министерот за европски прашања