• петок, 05 декември 2025

Заменик-министерот Димитровски ги прими копиите од акредитивните писма на амбасадорите на Република Молдавија, Република Индонезија и Социјалистичка Република Виетнам

Заменик-министерот Димитровски ги прими копиите од акредитивните писма на амбасадорите на Република Молдавија, Република Индонезија и Социјалистичка Република Виетнам

Скопје, 4 декември 2025 (МИА) - Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски денеска ги примил копиите на акредитивните писма од тројца новоименувани амбасадори во нашата држава - Н.Е. Емил Јакота, вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Молдавија; Н.Е. Листиана Оперананта, вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Индонезија и Н.Е. Нуен Ти Минт Нует, вонреден и ополномоштен амбасадор на Социјалистичка Република Виетнам, сите нерезидентни и со седиште во Софија.

Како што информираат од МНРНТ, на средбите со тројцата амбасадори, Димитровски им посакал успешна дипломатска мисија, со уверување дека тие ќе дадат значаен придонес во натамошното продлабочување на пријателските односи меѓу Република Северна Македонија и нивните држави.

Во таа насока, било разговарано за модалитетите за унапредување на билатералните односи, со посебен акцент на зголемувањето на трговската размена и зајакнувањето на економската соработка меѓу земјите.

Покрај прашањата од доменот на билатералните односи, како што се наведува во соопштението, било искажано обострано задоволство од мултилатералната соработка и беа разменети мислења за актуелни меѓународни и регионални прашања од заеднички интерес. фф/са/

Фото: МНРНТ

Остани поврзан