• четврток, 09 јануари 2025

Законот за воведување воена состојба во Јужна Кореја - блокиран од пратениците

Законот за воведување воена состојба во Јужна Кореја - блокиран од пратениците

Сеул, 3 декември 2024 (МИА) - Пратениците во Јужна Кореја гласаа против декретот за воена состојба што го најави претседателот Јун Сук Јол, јави Си-Ен-Ен.

Сите присутни 190 пратеници од вкупно 300 во Парламентот гласаа за поништување на мерката.

Се уште не е познато каков ефект ќе има гласувањето врз прогласената воена состојба. Според јужнокорејскиот закон, претседателот е обврзан да се придржува кон резултатите од гласувањето. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан