• среда, 23 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Завршно коло во ПМФЛ

Завршно коло во ПМФЛ

 

Скопје, 17 мај 2025 (МИА) – Со четири натпревари од последното 33 коло денеска се затвора сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Откако Шкендија ја обезбеди шампионската титула, а суспендираните Воска и Гостивар ја напуштат лигата, единствено непознато е дали Брера или Беса ќе го избегнат баражот за опстанок.

Деветтопласираната Брера има бод повеќе од Беса пред денешниот дуел на струмичкиот тим против Работнички на домашен терен, додека Беса ја очекува гостински дуел против Пелистер во Битола.

ПМФЛ, 33 коло:

Брера – Работнички, Пелистер – Беса, Шкендија – Силекс, Тиквеш – Струга, Вардар – Гостивар 3-0 (службено), Воска – Шкупи 0-3 (службено).

Сите натпревари започнуваат во терминот од 17 часот. ег

ФОТО: ФК Силекс

Остани поврзан