• вторник, 24 декември 2024

Заврши санацијата на покривот на кумановското основно училиште „Браќа Миладиновци“, учениците се вратија во матичниот објект

Заврши санацијата на покривот на кумановското основно училиште „Браќа Миладиновци“, учениците се вратија во матичниот објект

Куманово, 23 јануари 2024 (МИА) - Заврши санацијата на покривот на кумановското основно училиште „Браќа Миладиновци“, соопштија денеска надлежните од училиштето. Учениците кои следеа настава во гимназијата „Гоце Делчев“ и во други објекти од училиштето се вратени во матичниот објект и без проблеми почна второто полугодие за учениците од централното градско училиште. Покрај, кровната конструкција, извршена е и санација на горниот кат, сменета е електрична инсталација на двете крила од зградата, извршено е варосување, поставени се нови олуци.

- Станува збор за капитален проект и задоволство е што се заврши во најдобар ред. Благодарност до сите субјекти кои беа вклучени во негова реализација. Прво до родителите кои имаа трпение и разбирање, Општината, Советот, Владата, МОН и медиумите. Сите имаа разбирање дека е проект кој е за доброто на учениците, можност да ја следат наставата во соодветни услови, изјави директорката на училиштето, Јасмина Спасовска.

Основниот проект го изработи ЈП „Куманово план“, во 2020 година училиштето аплицираше до МОН, но следуваше период на пандемија, потоа и на енергетска криза. Градежните работи почнаа лани со средства одобрени од Владата во износ од скоро 15 милиони денари.

Дел од учениците со одлука на советот на родители, поради недостиг на простор и протекување на кровот следеа настава во други дисперзирани објекти, некои и во гимназијата „Гоце Дечев“. Кровот протекуваше при обилни дождови и воопшто не беше безбедно да се одвива наставата. Родителите во неколку наврати реагираа и бараа надлежните целосно да се посветат на решавање на овој проблем. Во централниот објект на „Браќа Миладиновци“ настава следат и учениците од „Крсте Мисирков“ или околу 2.500 ученици.

Спасовска најавива дека аплицирала за проекти за санација на подови, тоалети, спортска сала, како и за фотоволтаици за овој објект.

- Општина Куманово распиша оглас за реконструкција на училиштето во село Пчиња и се очекува да биде целосно санирано за што од општината одвоени се над 8, 2 милиони денари, изјави Спасовска.

Таа ќе понуди две опции на родителите од Пчиња со превоз да доаѓаат учениците од Пчиња, Вакв и Студена Бара до објектите од „Браќа Миладиновци“, а ако одбијат или имаат пречка со превозот, тогаш наставата ќе се одвива преку далечина. ам/дма/


Фото: МИА и „Браќа Миладиновци“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан