• понеделник, 23 декември 2024

Заврши рехабилитацијата на патот Вишни - Горна Белица - Вевчани

Заврши рехабилитацијата на патот Вишни - Горна Белица - Вевчани

Струга, 2 ноември 2024 (МИА) - Заврши рехабилитацијата на локалниот патен правец Р29288, кој ги поврзува селата Вишни - Горна Белица - Вевчани, соопшти Јавното претпријатие за државни патишта.

Работите на терен, според информацијата, ги изведе Јавното претпријатие „Македонија пат“, а вредност на инвестицијата е 22 милиони денари.

- Рехабилитацијата е направена на дел со изработка на тампонски слој од дробен камен и асфалтен слој со должина од 3.800 метри со просечна ширина од 3,1 метар. Направени се и допонителни проширувања на одредени места, стои во информацијата на ЈПДП. сс/ра

Фото: Јавно претпријатие за државни патишта

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан